На локалните избори во Обштина Чашка се случи пресврт без преседан – по првпат од постоенето на обштината, градоначалничката функция ке я извршува припадник на албанската заедница.
Суат Шакиров, кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), извојува убедлива победа уште во првиот круг, освојувајќи 50,71% од гласовите или 2.322 гласа, покажуваат конечните податоци од Државната изборна комисија.

Во 2021 (пред 4 години) кандидатот на ДУИ во Чашка собра ~1.086 гласа

Актуелниот градоначалник Горан Стояновски од СДСМ доби 1.110 гласа (24,24%), додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Деян Андоновски, освои 1.074 гласа (23,45%). Со абсолутно мнозинство, Шакиров обезбеди мандат уште во првиот круг.

Но, според информации кои кружат мегу жителите на Чашка, резултатот не е случаен – на денот на изборите во обштината биле доведени автобуси со гласачи од други региони и лица од странство пристигнале со авиони, кои не живеат постояно таму, но биле запишани во избирачкиот список.
Ова предизвикува сериозни сомнежи за организирано гласане и влияние врз локалната воля на граганите.

На советничките избори, листата на ДУИ доби 2.244 гласа (49,01%), втора е Коалицията „Твоя Македония“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 30,49% (1.396 гласа), а трета е СДСМ со 16,71% (765 гласа).
Со овие резултати, новиот градоначалник има цврсто мнозинство и во Советот, што му овозможува да владее без коалициски партнерства.

Сепак, прашането останува – дали оваа победа я одразува реалната воля на жителите на Чашка, или резултатот е плод на организиран изборен инженеринг?

#ipressmk