
Силни експлозии се слушнаа денеска во Манама, главниот град на Бахреин, во услови на продолжени ирански напади врз соседни арапски држави од Персискиот Залив.
Според медиумските информации, во градот се слушнале наималку пет експлозии, што предизвика загриженост за можна нова ескалация на конфликтот во регионот.
Напади со дронови и ракети врз ОАЕ

Во меюувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштия дека се соочуваат со нов бран напади со дронови и ракети од страна на Иран.
„Противвоздушната одбрана на ОАЕ во моментов реагира на заканите од ракети и беспилотни летала кои доаят од Иран“, соопшти Министерството за одбрана на земята на платформата „Икс“.
Според нив, силниот татнеж што се слуша во повеке градови е резултат на пресретнуване на ракетите и дроновите.
Сирени за воздушна тревога во Катар
Експлозии се слушнале и во Доха, главниот град на Катар, каде во центарот на градот биле активирани сирени за воздушна тревога.
Новинари на терен явуваат дека ситуацията во регионот е многу напната, а постои страв дека конфликтот може дополнително да се прошири и на други држави од Персискиот Залив.
Официален претставник на ОАЕ изяви дека земята бара иранските напади врз државите од Заливот кои не се директно вклучени во конфликтот веднаш да престанат.
„Секоя ескалация е загрижувачка. Сакаме да я ограничиме войната. Не сакаме неизино прошируване. Иранците треба да престанат со нападите врз соседни држави“, изяви претставникот.
Експертите предупредуваат дека новите напади можат дополнително да я прошират воината на Блискиот Исток, особено ако конфликтот се пренесе и на емирствата од Персискиот Залив.






